„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита

12.02.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, издаваат
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари 2024 година.
Бр. 08-968/1                        Претседател на Република
7 февруари 2024 година    Северна Македонија,
Скопје                                   Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
      Северна Македонија,
      Јован Митрески, с.р.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА
Член 1
 
Во Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22, 236/22, 199/23, 236/23 и 263/23), во членот 70 по став (3) се додава нов став (4), кој гласи:
„(4) Поликлиника што спроведува стоматолошка здравствена дејност во две или повеќеординации може да спроведува дејност на примарно ниво во ординации од примарно ниво и специјалистичко-консултативна дејност во ординации од секундарно ниво (стоматолошка поликлиника на примарно и секундарно ниво).“.
Член 2
Во членот 89 по зборовите: „издадените лекови“ се додаваат зборовите: „и дава информации и совети, како и врши превентивни и други услуги поврзани со терапијата со лекови“.
Член 3
Во членот 256 став (1) во точката 3) сврзникот „и“ се заменува со точка и запирка и се додава нова точка 4), која гласи:
 
„4) донесува акт за утврдување на минималните цени на приватните здравствени услуги, односно услугите кои пациентите ги плаќаат со лични средства;“.
Точката 4) станува точка 5).
Член 4
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.