„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик

07.02.2024

Врз основа на член 47 став 1 точка 6 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12,43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21) и член 68 став 1 точка 2 и член 69 став 2 од Законот за банките („Службен весникна Република Македонија“ бр. 67/07, 90/09, 67/10, 26/13, 15/15, 153/15, 190/16, 7/19 и„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и 122/21), Советот наНародната банка на Република Северна Македонија донесе
ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА
МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТНИОТ РИЗИК
 
1. Во Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 57/23), во точката 55, ставот 3 се менува и гласи:
„Во случај на продажба на кредитната изложеност со значителна загуба утврдена во согласност со оваа точка, преостанатите изложености на банката кон клиентот добиваат  третман на нефункционални кредитни изложености, освен доколку:
− станува збор за клиент физичко лице на кој банката го применува исклучокот од точката 2 потточка 2.23 став 2 на оваа одлука, при што се применува точката 48 на оваа одлука, или
− кредитната изложеност кон физичко лице којашто е предмет на продажба не надминува 20% од вкупната кредитна изложеност на банката кон тој клиент, пред извршената продажба.“
2. Во точка 59 во ставот 1, алинејата 2 се менува и гласи:
„− банката утврдила редовност на клиентот во намирувањето на неговите обврски, утврдила соодветна финансиска состојба на клиентот и утврдила дека не е исполнет кој било од показателите за неможност за наплата од точката 54 и точката 62 потточка 62.8 на оваа одлука, и“.
3. Во точката 62 потточка 62.9, по зборовите: „да го пропише“ се додаваат зборовите:
„начинот на утврдување на исполнувањето на условот од точката 59 став 1 алинеја 2 на оваа одлука за различни видови клиенти и/или кредитни изложености и“.
4. Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02 – 3972/2                                           
2 февруари 2024 година                   
 Скопје             Гувернер и претседавач на Советот
                                      на Народната банка на
                         Република Северна Македонија,
                       д-р Анита Ангеловска-Бежоска, с.р