„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за давање согласност на тарифникот за изменување и дополнување на тарифникот за висината на надоместокот за заверка на геодетските елаборати за извршени геодетски објекти во катастарот на инфраструктурни објекти

07.02.2024

Врз основа на член 123 став (2), член 181 став (2) и член 214 став (2) од Законот закатастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/13, 41/14, 115/14, 116/15, 153/15, 192/15, 61/16, 172/16, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 30 јануари 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ТАРИФНИКОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТАРИФНИКОТ ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА
ЗАВЕРКА НА ГЕОДЕТСКИТЕ ЕЛАБОРАТИ ЗА ИЗВРШЕНИ ГЕОДЕТСКИ
РАБОТИ, ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО
КАТАСТАРОТ НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ, ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА
НЕДВИЖНОСТИ КОИ ОСТАНАЛЕ СО НЕЗАПИШАНИ ПРАВА И ЗА
ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРОМЕНИ ВО КАТАСТАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ И
КАТАСТАРОТ НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ, КАКО ДЕЛ ОД
КАТАСТАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ
 
Член 1
Со оваа одлука се дава согласност на Тарифникот за изменување и дополнување на
тарифникот за висината на надоместокот за заверка на геодетските елаборати за извршени
геодетски работи, за запишување на инфраструктурните објекти во катастарот на
инфраструктурни објекти, за запишување на недвижности кои останале со незапишани
права и за запишување на промени во катастарот на недвижности и катастарот на
инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности бр. 0101-1372/1 од
23.1.2024 година, донесен од Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности,
на седницата, одржана на 22.1.2024 година.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
 
Бр. 41-839/10                               
30 јануари 2024 година   
Скопје                      Претседател на Владата             
                         на Република Северна Македонија,
                          м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р