„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за давање согласност на тарифникот за изменување и дополнување на тарифникот за висината на надоместокот за користење на увид на податоците од геодетско катастарскиот информационен систем

07.02.2024

Врз основа на член 37 став (2) и член 102 став (2) од Законот за катастар на недвижности („Службен весник наРепублика Македонија“ бр.55/13, 41/14, 115/14, 116/15, 153/15, 192/15, 61/16, 172/16, 64/18 и „Службен весник наРепублика Северна Македонија“ бр. 124/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржанана 30 јануари 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ТАРИФНИКОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
ТАРИФНИКОТ ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ И УВИД НА ПОДАТОЦИТЕ
ОД ГЕОДЕТСКО-КАТАСТАРСКИОТ ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ, КАКО И ЗА ИЗДАВАЊЕ НА
ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА КАРТОГРАФСКИ ПРОИЗВОДИ И ЗА ВИСИНАТА НА
НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА СТАВАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА
КАРТОГРАФСКИОТ ПРОИЗВОД
 
Член 1
Со оваа одлука се дава согласност на Тарифникот за изменување и дополнување на тарифникот за висината нанадоместокот за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем, како и заиздавање на овластување за изработка на картографски производи и за висината на надоместокот за издавање насогласност за ставање во употреба на картографскиот производ бр. 0101-1374/1 од 23.1.2024 година, донесен одУправниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности, на седницата, одржана на 22.1.2024 година.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
 
Бр. 41-839/7                   
30 јануари 2024 година
Скопје 
         Претседател на Владата
     на Република Северна Македонија,
      м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р