„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за основање на технолошко индустриска развојна зона Кичево - Опфат 2

05.02.2024

Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија(„Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08,82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на РепубликаСеверна Македонија“ бр.98/19), член 12 став (4) и член 23 ставови (2), (3) и (4) од Законотза технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија“бр.14/07, 103/08, 130/08, 139/09, 156/10, 127/12, 41/14, 160/14, 72/15, 129/15, 173/15, 192/15,217/15, 30/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.13/23),Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 30 јануари 2024година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКА РАЗВОЈНА ЗОНА
„КИЧЕВО“ – ОПФАТ 2
 
Член 1
Се основа Технолошко индустриска развојна зона „Кичево“ - Опфат 2.
Член 2
Основач на зоната од член 1 од оваа одлука е Владата на Република Северна Македонија.
Член 3
Називот на Технолошко индустриската развојна зона е: Технолошко индустриска развојна зона „Кичево“- Опфат 2.
Скратениот назив на зоната гласи: ТИРЗ „Кичево“ – Опфат 2.
Член 4
Технолошко индустриската развојна зона „Кичево“ - Опфат 2 e дефинирана со Државна урбанистичка планска документација согласно член 95 став (2) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и 111/23), а градбите се од прва категорија согласно член 57 став (1) од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.244/19, 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23).
Технолошко индустриската развојна зона „Кичево“ - Опфат 2, се основа на земјиште сопственост на Република Северна Македонија со вкупна површина од 16,06 ха и периметар од 1.598,2956 м, која претставува:
- КП бр. 6644 со површина од 22389 м²,
- КП бр. 6645 со површина од 1009 м²,
- КП бр. 6646/1 со површина од 28958 м²,
- КП бр. 6647/1 со површина од 3168 м²,
- КП бр. 6648/1 со површина од 21307 м²,
- КП бр. 6649 со површина од 883 м²,
- КП бр. 6650 со површина од 25558 м²,
- КП бр. 6651/1 со површина од 2726 м²
- КП бр. 6652 со површина од 29844 м²,
- КП бр. 6653 со површина од 948 м² и
- КП бр. 6654/1 со површина од 23843 м², запишани во Имотен лист бр.6807 за КО Кичево вон град, согласно Геодетскиот елаборат за геодетски работи за посебни намени - нумерички податоци за реализација на урбанистички план и урбанистичко-планска документација за КО Кичево - вон град бр.08-256/3-2023 од 31.5.2023 година.
Член 5
Технолошко индустриската развојна зона „Кичево“- Опфат 2 се основа за вршење на дејностите согласно член 35 од Законот за технолошки индустриски развојни зони.
Член 6
Технолошко индустриската развојна зона „Кичево“ - Опфат 2 се основа на определено време од 99 години.
Член 7
Работите во врска со основањето, управувањето и развојот на Зоната во име на Владата на Република Северна Македонија ги врши Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Член 8
Заради вршење на работите во врска со управувањето и развојот на Зоната, согласно Законот за технолошки индустриски развојни зони, со земјиштето опишано во член 4 од оваа одлука управува Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Земјиштето од став 1 на овој член, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони може да го дава под закуп согласно Законот за технолошки индустриски развојни зони.
Член 9
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-1250/4                Претседател на Владата
30 јануари 2024 година на Република Северна
                                                  Македонија,
Скопје            м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р