Предлагач е Владата на РСМ.
Цели, начела и основни решенија:
Донесувањето на Предлог на Законот за трговските
друштва, има за цел да се регулираат две, мошне значајни области, за деловните субјекти во Република
Северна Македонија, а тоа се:
-принудното купување и продавање акции, или т.н.„истискување“ и
-холдингот, односно концернот, како форми на поврзување на друштвата
Целта на Предлог законот е регулирање на принудното купување и продавање акции или т.н.„истискување“ во Законот за трговските друштва, како
мошне значајно прашање за малцинските акционери и за доминантниот акционер кој поседува над 95% од акциите со право на глас, низ воспоставување точно и прецизно пропишана законска процедура како да го остварат „истискувањето“ т.е. своето право на принуден откуп, односно право на продажбата на акциите. Законското нормирање на холдингот, односно концернот и уредување на прашањата кои се однесуваат за неговото функционирање, може значително да придонесе за поедноставување и подобрување на примената на постојните законски одредби со кои е регулиран начинот на функционирање на овие форми на поврзување меѓу трговските друштва, значително подобрување на деловните резултати кај овие субјекти, како и унапредување на нивното работење во земјата, што ќе обезбеди понатамошен економски раст и унапредување на економскиот систем. Воедно, Предлог законот има за цел доследна примена на политиките за спречување корупција и судирот на интереси, преку обезбедување интегритет и транспарентност при спроведување на постапките за избор и отповикување членови на органот на управување и надзорниот одбор во акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност во сопственост на државата, базирано на систем на вредности и критериуми за квалитет, согласно целите утврдени во Националната Стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021-2025), Акцискиот план и Годишниот извештај за спроведување на Националната Стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021-2025) за периодот 01.01.2021 до 31.12.2021.