„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Програма за обуки за стручно усовршување на наставниците за 2024 година

29.01.2024

Врз основа на член 25 став (2) од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19), министерот за образование и наука донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ОБУКИ ЗА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА 2024 ГОДИНА
 
Член 1
Со оваа програма се пропишуваат обуките за стручно усовршување на наставниците во основните и средните училишта за 2024 година.
Член 2
Обуките за стручно усовршување на наставниците во основните и средните училишта за 2024 година, се од следните подрачја, потподрачја и теми за обука:
I. ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
1. ПОДРАЧЈЕ: Знаења за наставниот предмет и за воспитно-образовниот систем
Потподрачје: Знаења за воспитно-образовниот систем
Теми:
- Учење на далечина: интернет-апликации и платформи за учење,
- Воспитание во современ контекст: развивање социо-емоционални вештини кај учениците,
- Мултикултурализам во еднојазични и повеќејазични училишта,
- Самоевалуација на квалитетот на образовниот процес на ниво на училиште и
- Родова еднаквост и родова сензитивност во училиште.
2. ПОДРАЧЈЕ: Поучување и учење
Потподрачје: Планирање и подготовка на наставата
Тема:
- Инклузија и пристапи во поучувањето на ученици
со посебни образовни потреби/попреченост.
Потподрачје: Реализација на наставата
Теми:
- Примена на иновативни интерактивни пристапи во наставата,
- Настава базирана на проблемски пристап,
- Учење преку истражување, работа на проект и решавање проблеми,
- Настава за развивање критичко мислење кај учениците,
- Настава насочена кон постигнување резултати од учење од повисоко ниво,
- Дигитализација во образованието,
- Инклузивно образование,
- Специфични потешкотии во учењето и
- Читање со разбирање.
Потподрачје: Оценување на учениците
Тема:
- Дизајнирање објективни тестови на знаење.
Потподрачје: Познавање на учениците и излегување во пресрет на нивните потреби
Тема:
- Професионален развој и кариерно советување на учениците (менторирање, следење, пристапи за детекција на афинитети и интереси, мотивација и развој и сл.).
3. ПОДРАЧЈЕ: Создавање стимулативна средина за учење
Потподрачје: Создавање безбедна и стимулативна средина за учење
Теми:
- Справување со врсничкото насилство и кибернасилство и
- Разрешување конфликти со ученици и меѓу учениците.
Потподрачје: Училишна клима
Тема:
- Стратегии за менаџмент во училница - принципи и примери на добра практика за создавање позитивна работна атмосфера во училница и во онлајн/виртуелна училница.
4. ПОДРАЧЈЕ: Социјална и образовна инклузија
Потподрачје: Социјална и образовна инклузија
Тема:
- Стратегии, методи и техники за работа со надарени ученици.
5. ПОДРАЧЈЕ: Професионален развој и професионална соработка
Потподрачје: Професионална соработка
Тема:
- Професионална соработка на наставниците
(стручни активи, заедници за учење, менторство и сл.).
II. ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА
1. ПОДРАЧЈЕ: Поучување и учење
Потподрачје: Реализација на наставата
Тема:
- Дигитални вештини кај наставниците во функција на наставата (при следење на учениците, во решавање проблемски ситуации, во истражувачки активности и слично).
Член 3
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 12-547/3                                Министер
24 јануари 2024 година    за образование и наука,
Скопје                               Доц. д-р Јетон Шаќири, с.р.