„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Годишна програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2024 година

24.01.2024

Врз основа на член 41 став (1) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 32/20 и 111/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 јануари 2024 година, донесе
Г О Д И Ш Н А П Р О Г Р А М А
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА 2024 ГОДИНА
 
I
Со оваа програма се утврдува изработка на урбанистички планови, урбанистички проекти и друга
предпроектна и проектна документација (во натамошниот текст: урбанистичките планови и урбанистичките проекти) за 2024 година.
II
Средствата за реализација на оваа програма се утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, раздел 13001 Министерство за транспорт и врски – Програма 3 – урбанизам и градежништво, Потпрограма 30 – урбанизам и градежништво,
Ставка 425 – договорни услуги, Потставка 425640 – изработка на просторни и урбанистички планови, со вкупен износ од 18.000.000, 00 денари.
III
Средствата од дел II на оваа програма се реализират со следните урбанистички планови и урбанистички проекти:
1. Изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти за технолошки индустриски развојни зони и индустриски зони;
2. Изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти за автокампови и туристичко развојни зони;
3. Изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти за електроцентрали од обновливи извори на енергија за потребите на Aкционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на  Северна Македонија во државна сопственост, Скопје и Министерството за економија, согласно Законот за енергетика(*);
4. Изработка на Генерален урбанистички план за Град Скопје;
5. Изработка на Генерален урбанистички план за Куманово;
6. Изработка на Детален урбанистички план за Блок
8 од Градска четврт ССИ 03 од Генералниот урбанистички план на Град Скопје, донесен со Одлука на Советот на Град Скопје бр. 07-5068/1 од 23.12.2012 година;
7. Изработка на Генерален урбанистички план за Тетово;
8. Изработка на Урбанистички план за село Долно Палчиште, Општина Боговиње;
9. Изработка на Урбанистички план за село Долно Оризари, Општина Шуто Oризари;
10. Изработка на Урбанистички проекти за Казнено-поправна установа Идризово;
11. Изработка на Урбанистички проект за автокамп во Општина Петровец;
12. Изработка на Урбанистички проект за изградба на фотоволтаични централи, со намена Е2- комунална супраструктура, КО Богданци вон-град, Општина Богданци;
13. Изработка на Урбанистички проект за формирање на градежни парцели во Блок 1, за наменска зона 1.1 со основна намена В2- здравство и социјална заштита – Универзитетски клинички центар, дефинирана во Урбанистички план вон населено место Веле Поле, Општина Ѓорче Петров;
14. Изработка на Генерален урбанистички план за Дебар;
15. Изработка на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитена зона на крајбрежен појас на Охридскиот Регион;
16. Изработка на Детален урбанистички план за Градска четврт 2 од Генерален урбанистички план за Кочани, донесен со Одлука на Советот на Општина Кочани бр.09-0401/1 од 15.7.2016 година;
17. Изработка на урбанистички план односно урбанистички проект за Прифатен центар за странци;
18. Изработка на урбанистички план односно урбанистички проект за граничен премин Делчево;
19. Изработка на урбанистички план односно урбанистички проект за граничен премин Богородица;
20. Изработка на урбанистички план односно урбанистички проект за граничен премин „Струмјани - Берово“ (ГП Клепало);
21. Изработка на урбанистички план односно урбанистички проект за граничен премин Мајден Општина Кавадарци од македонска и граничен премин Промахои од грчка страна;
22. Изработка на урбанистички план односно урбанистички проект за граничен премин Табановце, Општина Куманово;
23. Изработка на урбанистички проект за објект со основна класа на намена В2-социјална заштита на КП бр. 54, запишана во Имотен лист бр. 161 за КО Шишево-вон град, Општина Сарај;
24. Изработка на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за регионална депонија „Русино“ – КО Сушица и КО Церово во Општина Гостивар;
25. Изработка на Урбанистички план односно урбанистички проект за касарна Страшо Пинџур во КО Кадино и КО Мралино – Општина Илинден;
26. Изработка на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење со класа на намена В4 – згради на органите на државната власт, во градска четврт З 04, Блок З 04.01, КО Карпош, Општина Карпош;
27. Изработка на Детален Урбанистички план за Градска четврт С21, Блок 06, Општина Гази Баба;
28. Изработка на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за аеродромски комплекс Охрид;
29. Изработка на Урбанистички план за вон населено место за дел од стопанска зона во КО Глуво-Бразда на локалитет Стенковец во Општина Чучер – Сандево;
30. Изработка на стручни ревизии за урбанистичките планови и урбанистички проекти од оваа програма согласно членовите 48 и 62 од Законот за урбанистичко планирање;
31. Изработка на заштитно конзерваторски основи за урбанистичките планови и урбанистичките проекти од оваа програма;
32. Изработка на ажурирани геодетски подлоги за урбанистичките планови и урбанистички проекти од оваа програма;
33. Изработка на студии или елаборати за стратешка оценка на влијанието врз животната средина за урбанистичките планови и урбанистичко-планските документации од оваа програма;
34. Изработка за услови за планирање за урбанистичките планови и урбанистички проекти од оваа програма и
35. Исплата на средства по доставени фактури за урбанистички планови, урбанистички планови за четврти, урбанистичко - плански документации, студии или елаборати за стратешка оценка на влијанието врз животната средина и услови за планирање на просторот, чие изготвување е започнато согласно Годишната програма за изработка на урбанистички планови и државна и локална урбанистичка планска документација во Република Македонија во 2013 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.4/13, 69/13, 130/13 и 163/13), Годишната програма за изработка на урбанистички планови и државна и локална урбанистичка планска документација во Република Македонија во 2014 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.15/14, 143/14, 161/14 и 182/14), Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови и државна и локална урбанистичка планска документација, урбанистичка планска документација за туристичка развојна зона, урбанистичка планска документација за автокамп и проект за инфраструктура во Република Македонија за 2015 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/14 и 62/15),
Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектни документации за 2015 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 215/15), Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектни документации за 2016 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 9/16, 29/16, 68/16 и 190/16), Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко –проектни документации за 2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 192/16, 114/17 и 191/17), Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектни до-кументации за 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/18, 56/18, 73/18 и 212/18), Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектни документации за 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 16/19, 107/19 и 248/19), Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектни документации во 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/20), Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.15/21, 107/21 и 258/21), Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.33/22, 116/22 и 279/22) и Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/23, 65/23 и 132/23), а ќе се врши согласно условите утврдени со соодветната програма.
IV
1. Изработката на урбанистичките планови и урбанистичките проекти од оваа програма се врши од страна на Агенцијата за планирање на просторот. Реализација на оваа програма се врши врз основа на договор меѓу Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за планирање на просторот како и договор меѓу Министерството за транспорт и врски и подносителот на предлогот за изработување на урбанистички план или урбанистичко планска документација во случаите на финансирање од нивна страна или кофинансирање, со кој се утврдуваат случаите за постоење на обврска за враќање на исплатените средства од оваа програма во Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година во случај на прекинување на изработката на истите по барање на подносителот на предлогот за нивно изработување.
2. Исплатата на средствата од дел II од оваа програма ќе ја изврши Министерството за транспорт и врски за секоја задача одделно во зависност од степенот на извршување на задачата, а врз основа на барање за исплата со приложени: програма, договор и извештај за степенот на извршената задача доставен од Агенцијата за планирање на просторот, при што исплатата ќе се врши на следниот начин:
- за урбанистичките планови 50 % од вредноста на задачата ќе се исплати по изработување на планската програма, 30% по изработување на нацрт на урбанистичкиот план, а 20% по изработување на предлог на урбанистичкиот план;
- за урбанистичките планови кои немаат фаза на нацрт урбанистички план 50 % од вредноста на задачата ќе се исплати по изработување на планската програма, а 50% по изработување на предлог на урбанистичкиот план;
- за урбанистичките проекти 100% од вредноста на задачата ќе се исплати по нивно изработување и доставување во информацискиот систем е – урбанизам и
- заштитно конзерваторските основи, ажурираните геодетски подлоги, студиите или елаборатите за стратешка оценка на влијанието врз животната средина како и елаборатите за услови за планирање на просторот ќе се исплатат по нивно изработување.
V
Министерството за транспорт и врски за реализираните буџетски средства од оваа програма доставува извештај со финансиски показатели до Владата на Република Северна Македонија, заклучно со 31 јануари 2025 година.
VI
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-805/4
16 јануари 2024 година
                                    Заменик на претседателот на
Скопје                                 Владата на Република
                                            Северна Македонија,
                                            м-р Бојан Маричиќ, с.р.