„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Програма за рамномерен регионален развој за 2024 година

24.01.2024

Врз основа на член 48 став 2 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 283/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 јануари 2024 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗA РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ЗА 2024 ГОДИНА
 
Член 1
Со оваа програма се врши распределбата на средствата за поттикнување рамномерен регионален развој на Република Северна Македонија, во вкупен износ од 909,318,682 денари, во Раздел 280.01 - Биро за регионален развој, Потпрограма ОА Рамномерен регионален развој, ставка 488-Капитални дотации до Единиците за локална самоуправа.
Член 2
(1) Дел од средствата од член 1 од оваа програма во износ од 533,170,000 денари се утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија во 2024 година.
 (2) Средствата ќе се користат за следните намени според Табелата:
1. Активности преку Бирото за регионален развој за 2024 година
 
 
1.1 Исплата на средства за плаќање на
придонесите за пензиско-инвалидско
и здравствено осигурување за лица
кои имаат стекнато право на плаќање
 
500,000
1.2 Неизмирени обврски од 2023 година
908,818,682
ВКУПНО
909,318,682
 
 
Член 3
Средствата од член 2 точка 1 потточка 1.1 од Табелата од оваа програма во износ од 500,000 денари ќе се користат за исплата на придонесите за пензиско-инвалидско и здравствено осигурување за лицата кои имаат стекнато право на плаќање заклучно со 31 декември 2007 година, согласно член 87 од Законот за рамномерен регионален развој (*) и истите продолжуваат да го користат до остварувањето на правото на пензија, согласно закон.
Член 4
Средствата од член 2 точка 1 потточка 1.2 од оваа програма во износ од 908,818,682 денари ќе се користат за финансирање на неизмирени обврски од 2023 година за активности кои се предвидени во Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства од 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/23).
Член 5
Следење на користењето на средствата од Табелата од член 2 став (2) од оваа програма врши Бирото за регионален развој.
Член 6
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-347/4             
16 јануари 2024 година 
Скопје                               
        Заменик на претседателот                       
        на Владата на Република
           Северна Македонија,
          м-р БојанМаричиќ,с.р