„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за административни службеници

15.01.2024

Цели, начела и основни решенија на законот:
Основни цели на Предлог Законот за административни службеници е унапредување на моделот на вработување и управување со учинокот, темелени врз компетенции, поедноставување и доуредување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност, нов систем на пресметка на плата, дополнително мотивирање на вработените и унапредување на работата и стручните капацитети на администрацијата.