„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за канцеларија за поврат на имот

11.01.2024

Досега, во Република Северна Македонија материјата за Канцеларијата за поврат на имот (АРО) беше законски уредена во Законот за меѓународна соработка во кривичната материја само од аспект на меѓународната соработка во кривичната материја.
Имајќи ги предвид бројните меѓународни стандарди во оваа област, се наметна потребата за законско уредување на оваа материја и вградување на сите меѓународни стандарди во законска рамка. За таа цел со поддршка на ГИЗ, беше изготвена работна верзија на законот и детална анализа за состојбите во оваа област која е користена во образложението на овој закон.
Одлуката на Советот 2007/845/ПВР бара од земјите членки на ЕУ да воспостават или да назначат канцеларија за враќање на средства како национални централни точки за контакт за да се олесни следењето на имот што потекнува од казниви дела. Во образложенијата 1 и 3 на Одлуката на Советот им се дозволува на органите на прогонот да ги поседуваат потребните вештини за истражување и анализа на финансиските траги на криминални активности и им овозможува тесно да соработуваат, преку директна комуникација, со нивните колеги од земјите членки во следењето на трагите на приносот од казниви дела.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА
Овој закон се заснова врз следниве начела:
 професионалност
 итност и ефикасност
 директна комуникација
 електронска комуникација
 взаемна доверба
 доверливост