„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка

09.01.2024

Цели, начела и основи решенија на Предлог-законот:
Основната цел на предложените измени е усогласување на Законот за платежни услуги и платни системи со Предлог измените на Законот за Народната банка на Република Северна Македонија (кој е во фаза на донесување), Предлог на законот се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон. Основните решенија на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги се : -Усогласување со Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банка со кој се предвидуваат одредби за формирање на нов орган на управување кој презема дел од досегашните овластувања и задачи на гувернерот, во делот на одлучувањето за издавање на дозволи и согласности за финансиски институции и во делот на преземање на мерки кон банки, штедилници и други финансиски институции кои се предмет на супервизија на Народната банка и
Измени на дел од одредбите со цел нивно допрецизирање заради појасна примена на истите.