Врз основа на член 18 став (4) од Законот за јавен долг („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 88/08, 35/11, 139/14 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19 и 151/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 декември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНИОТ ИЗНОС НА НЕТО-ЗАДОЛЖУВАЊЕ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА
ДРЖАВНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА ДОМАШНИОТ ФИНАНСИСКИ ПАЗАР ВО 2024 ГОДИНА
1. Со оваа одлука се утврдува максималниот износ на нето-задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар кои во името на Република Северна Македонија ќе ги издава Министерството за финансии во 2024 година.
2. Максималниот износ на нето задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2024 година ќе изнесува 22.035.000.000,00 (дваесет и две милијарди и триесет и пет милиони) денари.
3. Издавањето на државните хартии од вредност се врши согласно Календарот за планираните емисии на државните хартии од вредност кој го утврдува и објавува Министерството за финансии на почетокот на периодот за кој се однесува.
4. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува од 1 јануари 2024 година.
Бр. 41-13918/3
28 декември 2023година
Скопје
Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
д-р Димитар Ковачевски, с.р.