Врз основа на член 86 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/2019), Државната комисија за спречување на корупцијата, на 97 седница одржана на 27.12.2023 година донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ИЗЈАВАТА ЗА ИМОТНА СОСТОЈБА И ИНТЕРЕСИ И ПРИЈАВУВАЊЕ ПРОМЕНА
ВО ИМОТНАТА СОСТОЈБА И ИНТЕРЕСИТЕ
Член 1
Со овој правилник се изменува и дополнува Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за имотна состојба и интереси и пријавување промена во имотната состојба и интересите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2023).
Член 2
Во член 7 од Правилникот, образецот на изјавата за имотна состојба и интереси и пријавување промена во имотната состојба и интересите (Прилог 1) се заменува со нов образец кој е составен дел на овој правилник (Прилог 1).
Член 3
Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр. 08-2059/3
28 декември 2023 година
Скопје
Државна комисија за спречување
на корупцијата
Заменик претседател,
Софка Пејовска-Дојчиновска, с.р