Врз основа на член 24, став (1) точка 1) алинеја 17 од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18, „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/19 и 236/22 од Законот за енергетика*), член 18 став (1) од Правилникот за определување на регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на природен гас, организирање и управување со пазарот на природен гас и дистрибуција на природен гас („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.234/23) и Тарифниот систем за пренос на природен гас и за пазар за природен гас („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.285/22 и 270/23), Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 28 декември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАН МАКСИМАЛЕН ПРИХОД И ТАРИФИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РЕГУЛИРАНАТА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС ЗА 2024 ГОДИНА НА АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС НОМАГАС СКОПЈЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ
1. На Акционерското Друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, за 2024 година се одобрува регулиран максимален приход во износ од 418.812.111 денари и просечна тарифа во износ од 0,1321 ден/kWh, за пренесени 3.170.861.000 kWh природен гас.
2. Тарифата за пренесени количини на природен гас во точките на излез за категоријата на потрошувачи производители на топлинска и електрична енергија од комбинирани постројки во кои едновремено и во еден процес се произведува електрична и топлинска енергија и/или механичка енергија изнесува 0,1289 ден/kWh природен гас.
3. Тарифата за пренесени количини на природен гас во точките на излез за категоријата на потрошувачи производители на топлинска енергија и индустриски потрошувачи изнесува 0,1418 ден/kWh природен гас.
4. Тарифата за пренесени количини на природен гас во точките на излез за категоријата на потрошувачи - останати потрошувачи, потрошувачи со потрошувачка на природен гас во претходната година помала од 150.000 nm3 изнесува 0,1482 ден/kWh природен гас.
5. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, и се објавува на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, а ќе се применува од 1 јануари 2024 година.
УП1 бр.11-888/23
28 декември 2023 година
Скопје
Регулаторна комисија за енергетика,
водни услуги и услуги за управување со комунален отпад
на Република Северна Македонија
Претседател,
Марко Бислимоски, с.р