„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Програма за изменување и дополнување на програмата за финансирање на патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10Д за 2023 година

29.12.2023

Врз основа на член 5 став (2) од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово-Гостивар-Букојчани и проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп-Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 163/21 и 111/23) и член 30 став (8) од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 282/22 и 207/23) Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 декември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПРОЕКТОТ КОРИДОР 8 И КОРИДОР 10Д ЗА 2023 ГОДИНА
 
1. Во Програмата за финансирање на патната инфраструктура за Проектот Коридор 8 и Коридор 10Д за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 63/23) во точката 1 износот „15.000.000.000“ се заменува со износот „14.500.000.000 “.
2. Во точката 2 во алинејата 4 зборовите „3.066.000.000 денари (49.500.000 евра)“ се заменуваат
со зборовите „2.566.000.000 денари (41.430.000 евра) “.
3. По точката 4 се додаваат две нови точки 4-а и 4-б кои гласат:
„4-а. Доколку по исплатата на средствата согласно точките 3 и 4 од оваа програма, останат неискористени средства за 2023 година, Министерството за транспорт и врски во целост ќе ги префрли на посебна денарска сметка на Јавното претпријатие за државни патишта, а по претходно доставено барање од Јавното претпријатие за државни патишта со наведување на вкупниот износ на преостанатите неискористени средства. Средствата искористени согласно оваа точка и точките 3 и 4 од оваа програма не треба да го надминат вкупниот износ предвиден во точката 1 од оваа програма. Средствата од оваа точка, Јавното претпријатие за државни патишта може да ги користи исклучиво за намената за која се доделени. Доколку средствата од оваа точка се користат спротивно на намената, Јавното претпријатие за државни патишта има обврска да ги врати и да ги уплати во Буџетот на Република Северна Македонија.
4-б. За начинот на користење на средствата од оваа програма, Јавното претпријатие за државни патишта треба да достави извештај до Владата на Република Северна Македонија и до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 30.06.2024 година.“.
4. Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањетo во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-13835/3                                   
28 декември 2023 година
Скопје                                                 
Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
д-р Димитар Ковачевски, с.р.