„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Правила за изменување на правилата за балансирање на електроенергетскиот систем

29.12.2023

Врз основа на член 236 став (4) точка 2), во врска со член 79 став (2) од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр 96/19), а согласно член 19 од Статутот на АД МЕПСО во државна сопственост, Скопје, Управниот одбор на Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост, Скопје, а по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со Одлука 12-2658/2 од 22.12.2023 година, на ден 27 декември 2023 година со одлука бр. 02-8278/3 донесе:
П Р А В И Л А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА БАЛАНСИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ
 
Член 1
Во Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.179/19, 242/19, 49/20, 7/21, 146/21, 289/21, 281/22 и 114/23) во членот 104 став (5) зборот „2024“ се заменуваат со зборот „2025“.
Член 2
Овие правила влегуваат во сила на денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-2658/2
27 декември 2023 година  
Скопје
Директор на ОЕПС,
дипл. ел. инж Гоце Михајловски, с.р.