Врз основа на членот 150 став 1 од Законот за квалитетот на земјоделски производи („Службен весник на Република Македонија" бр. 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21 и 129/23), по поднесено барање од Земјоделската задруга - Здружение на одгледувачи на домашна автохтона раса на овци „ПРАМЕНКА ОВЧЕПОЛКА“ од Скопје, за регистрација на географска ознака – МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛСКА ПРАМЕНКА, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ЗАШТИТЕНА ГЕОГРАФСКА ОЗНАКА – МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД
ОВЧЕПОЛСКА ПРАМЕНКА
Образложение
Врз основа на член 148 став 1 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Сл. весник на РМ“ бр. 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15 и 39/16 и „Сл. весник на РСМ“ бр. 150/21 и 129/23), Здружението на одгледувачи на домашна автохтона раса на овци „ПРАМЕНКА ОВЧЕПОЛКА“ од Скопје на ден 27.4.2022 година, поднесе барање за регистрација на географска ознака до Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, заведено под арх. бр. 34-5245/1.
Согласно со член 148 став 2 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“, бр. 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15 и 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 150/21 и 129/23), беше формирана Стручна комисија за спроведување на постапка за регистрирање на заштитена географска ознака – МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛСКА ПРАМЕНКА, заведена со Реш.арх.бр. 34-5245/2 од 5.5.2022 година.
Стручната комисија на ден 29.7.2022 година, одржа седница на која се разгледа основаноста на барањето, елаборатот и пропратната документација за регистрирање на заштитена географска ознака – МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛСКА ПРАМЕНКА, при што беа дадени одредени (воглавно технички) забелешки на елаборатот наведени во записникот арх.бр. 34-5245/3 од 29.7.2022 година. Истиот ден по електронски пат на подносителот на барањето му беа испратени забелешките на елаборатот.
Подносителот на барањето постапи по забелешките и корегираниот елаборат преку електронска пошта го испрати назад до претседателот на комисијата.
Коригираниот елаборат беше испратен до сите членови на Стручната комисија, при што од нивна страна се потврди дека подносителот соодветно постапил по забелешките. Согласно на ова комисијата одлучи дека барањето, коригираниот елаборат и пропратната документација се основани и предложи елаборатот да се објави на веб-страницата на Министерството и во јавните гласила за евентуални приговори или забелешки од страна на засегнати правни или физички лица во рок од 30 дена согласно член 148 став 6 од Законот за квалитетот на земјоделските производи.
Елаборатот беше објавен во јавните гласила и вебстраната на МЗШВ на ден 15.12.2022 година и по изминувањето на 30 дена од денот на објавувањето не пристигнаа приговори по истиот.
Согласно со важечките преодни одредби утврдени во член 26 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Сл. весник на РМ“ бр. 116/15), Министерството испрати барање за постапување арх. бр. 34-1449/3 од 16.2.2023 година, до Агенцијата за храна и ветеринарство за изработка на предлог контролен план за верификација на соодветноста на производот со елаборатот согласно одобрениот елаборат и пропратната документација на барањето за регистрација.
Агенцијата за храна и ветеринарство, со допис ар. бр. 34-1449/5 од 29.3.2023 година, достави предлог контролен план до Министерството.
Предлог-контролниот план на 19.4.2023 година беше доставен до Стручната комисија за произнесување, при што од мнозинството на членовите на истата се донесе одлука со арх. бр. 34-1449/6 од 15.5.2023 година, дека ревидираниот предлог контролен план е основан и се предложи истиот да биде одобрен од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно важечките преодни одредби од член 26 став 2 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Сл. весник на РМ“ бр. 116/15).
Согласно со преодните одредби од член 26 став 2 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Сл. весник на РМ“ бр. 116/15) и одлуката ар. бр. 34-1449/6 од 15.5.2023 година на Стручната комисија за спроведување на постапка за регистрирање на заштитена географска ознака - МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛСКА ПРАМЕНКА, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, го одобри контролниот план со одлука арх. бр. 34-1449/7 од 19.5.2023 година.
Министерството, согласно преодните одредби од член 26 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Сл. весник на РМ“ бр. 116/15), испрати барање до Агенцијата за храна и ветеринарство да изврши верификација на соодветноста на производот со елаборатот врз основа на одобрениот контролен план.
Агенцијата за храна и ветеринарство, на ден 21.12.2023 година, го достави извештајот за верификација заведен со арх. бр. 34-1449/11.
Врз основа на изнесеното, се утврди дека исполнети се сите услови за регистрација на заштитена географска ознака – МАКЕДОНСКО ЈАГНЕШКО ОД ОВЧЕПОЛСКА ПРАМЕНКА согласно Законот за квалитетот на земјоделските производи, при што се одлучи како во диспозитивот на ова решение.
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Упатство за правно средство:
Против ова решение, незадоволната странка може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на ова решение до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Бр. 34-1449/12
26 декември 2023 година
Скопје
Министер за земјоделство,
шумарство и водостопанство,
Љупчо Николовски, с.р.