„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител

22.12.2023

I. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ Со Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител се инкорпорираат и усогласуваат меѓународните обврски и стандарди за човековите права, како и се уредува статусот на лицата кои работат на полето на нивна промоција, превенција, кои преку заштита начелата на законитост, професионалност, стручност и компетентност, одговорност, ефикасност, професионална етика, непристрасност и објективност, доверливост, спречување судир на интереси, економичност и почитување на принципот на хиерархиска поставеност во рамки на Народниот правобранител како самостојна служба ги извршуваат надлежност Народниот правобранител ги врши врз основа и во рамките на Уставот, законот и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Со одредбите од овој закон, се уредва и надлежност на Народниот правобранител за следење на спроведувањето на Конвенцијата за правата на лица со инвалидност на ООН и Факултативниот протокол и на активностите кои ги преземаат сите државни институции на планот на сузбивањето на трговијата со луѓе и илегална миграција.