„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за изменување на одлуката за утврдување на максималниот износ на нето задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот пазар во 2023 година

21.12.2023

Врз основа на член 18 став (4) од Законот за јавен долг („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 88/08, 35/11, 139/14 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19 и 151/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 18 декември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНИОТ ИЗНОС НА НЕТО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА ДРЖАВНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА ДОМАШНИОТ ФИНАНСИСКИ ПАЗАР ВО 2023 ГОДИНА
 
1. Во Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето-задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.284/22 и 219/23), во точката 2, зборовите „30.920.000.000,00 (триесет милијарди деветстотини и дваесет милиони) денари“, се заменуваат со зборовите „39.033.000.000,00 (триесет и девет милијарди триесет и три милиони) денари “.
2. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-13172/3         Прв заменик на претседателот
18 декември 2023 година на Владата на
    Скопје  Република Северна Македонија,
                       д-р Artan Grubi, с.р.