II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ Со предложените измени и дополнувања ќе се постигнат неколку цели:
- окрупнување на малите ординации кои најчесто вработуваат еден тим составен од двајца здравствени работници и интегрирано, рационално и ефикасно вршење на стоматолошките услуги од повеќе гранки и области во еден правен субјект;
- внесување на нови содржини во работењето на аптеките како посебни видови на здравствени установи;
- проширување на листите на услуги кои ке можат да се вршат во нив во зависност од условите кои ги исполнуваат;
- рационално, ефикасно и безбедно постоење и функционирање на новата содржина на фармацевтската здравствена дејност предложена да се врши во аптеките;
- зајакнување на меѓусебното уважување и доверба меѓу докторите што ја пружаат услугата, преку донесувањето на акт за утврдување на 10 минималните цени на приватните здравствени услуги, односно услугите кои пациентите ги плаќаат со лични средства.
Со ваквото решение ќе се овозможи еднаков пристап на пациентите до истата услуга во цела држава и ќе се унапреди посветеноста во правилно и квалитетно пружање на самата услуга;
- еднаков пристап на пациентите за иста услуга во секоја аптека од нашата држава, ке се зајакне довербата и соработката помеѓу носителите на фармацевтската здравствена дејност во аптеките, а посебно кај пациентите и граѓаните воопшто.