„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на Закон за Националната развојна стратегија, по скратена постапка

21.12.2023

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ
Со воспоставувањето на законски основ за подготовка, донесување, спроведување, следење, известување и оценување на ваков стратешки документ,  чија цел е креирање на потребните политики за обезбедување поголема флексибилност и отпорност на државата во справувањето со идните глобални или домашни предизвици, се овозможува ефикасна имплементација на секоја од политиките и утврдување на повратната информација за нејзината успешност.