„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за дополнување на законот за странци, по скратена постапка

19.12.2023

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
I. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ
Во Предлогот - законот за дополнување на Закон за странци регулирани се 2 члена Со член 1 се врши дополнување на членот 223 со нов член 223-а како преодни одредби, во кој се уредени посебни услови за одобрување постојан престој за лицата под меѓународна заштита во Република Северна Македонија или лица на кои им престанала заштита во земјава, кои како преостанати лица бегалци од Косовската криза од 1999 година сѐ уште се присутни на територијата на Републиката и нивните деца. Во член 2 е предвидено денот на влегувањето на законот во сила. Од тие причини, со предложените дополнувања се пристапува кон целосно уредување на наведените состојби и односи на предложениот начин.
II. МЕЃУСЕБНАТА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНАТА ОДРЕДБА Решенијата содржани во предложената одредба имаат за цел прецизирање и соодветно практично имплементирање на постојните законски одредби содржани во предложениот закон. I
II. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРOИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА Со предложеното законско решение ќе се постигне дополнително прецизирање на одредбите од Законот за странци, односно создавање на нормативни предуслови.