Исполнување на обврските кои РСМ ги има преземено со потпишување и ратификување на Договорот за основање на Енергетската заедница преку транспонирање на законодавниот Пакет на Европската Унија за чиста енергија која е адаптирана од страна на Министерскиот совет на Енергетската заедница.
-Овозможување и олеснување на интеграцијата на националниот електроенергетски систем и пазар со оние во регионот.
Зголемување на безбедноста елетроенергетскиот систем преку подобрување на процесот на планирање и координација
-Подобро планирање на изградбата на објекти за производство на електрична енергија и со тоа превенирање на ситуации во кои потенцијалните инвестиори да се изложат на непотребни трошоци, односно да не ја реализираат започнатата инвестиција.
Повик за јавен увид за Предлог на Закон за енергетика (*)
15.12.2023
Заради одржување на јавна расправа, Министерство за економија ги известува засегнатите страни дека Предлог на Закон за енергетика (*) се става на јавен увид.
Јавниот увид во Предлог на Закон за енергетика (*) може да се изврши на следната електронска адреса: www.economy.gov.mk www.ener.gov.mk или во просториите на Министерство за економија почнувајќи од 15.12.2023 заклучно со 04.01.2024.
Јавната расправа за Предлог на Закон за енергетика (*) ќе се одржи на 10.01.2024, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа.