„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Закон за задолжување на РСМ со заем кај Европската унија по договор за заем кај макрофинансиска поддршка на РСМ

14.12.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ЗАЕМ КАЈ ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПО ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ ЗА МАКРОФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
 
Се прогласува Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската Унија по Договор за заем за макрофинансиска поддршка на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 12 декември 2023 година.
 
Бр. 08-6448/1                         Претседател на Република
12 декември 2023 година        Северна Македонија,
Скопје                                        Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ЗАЕМ КАЈ ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПО ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ ЗА МАКРОФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
 
Член 1
Република Северна Македонија се задолжува кај Европската Унија со заем во износ од 100.000.000 евра, наменет за макрофинансиска поддршка на Република Северна Македонија.
Член 2
Условите и начинот на користење на заемот од членот 1 од овој закон се утврдуваат со Договорот за заем за макро-финансиска поддршка на Република Северна Македонија, кој ќе се склучи меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.
Во име на Република Северна Македонија Договорот за заем од ставот 1 на овој член ќе го потпишат министерот за финансии и гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија.
Член 3
Заемот од членот 1 од овој закон ќе се повлекува во две еднакви транши од по 50.000.000 евра.
За секоја транша Министерството за финансии ќе поднесе Барање за повлекување средства до Европската комисија.
За секое повлекување на износот од заемот во транша Европската комисија ќе издаде Известување, во кое ќе бидат утврдени конечните финансиски услови на траншата, меѓу кои се: износот на траншата, датумот на исплата, каматната стапка, датумот на достасување, банкарските провизии и останатите трошоци за повлекување на средствата.
Член 4
Средствата од заемот од членот 1 од овој закон ќе се користат за поддршка на Буџетот на Република Северна Македонија.
Член 5
Република Северна Македонија заемот од членот 1 од овој закон ќе го отплаќа од Буџетот на Република Северна Македонија.
Член 6
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.