Врз основа на член 31 став 2 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22 и 207/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 1 декември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА МИКРОЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ВИНО И АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ ЗА 2023 ГОДИНА
I
Во Програмата за финансирање на микроземјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 32/23) во делот I во ставот (2) износот „15.000.000“ се заменува со износот „60.000.000“.
II
Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-12634/3 Заменик на претседателот
1 декември2023 година на Владата на Република
Скопје Северна Македонија,
Фатмир Битиќи, с.р.