„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Програма за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година

30.11.2023

Врз основа на член 32 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.282/22 и 207/23) и член 7 ставови (3) и (4) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 ноември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2023 ГОДИНА
 
I
Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/23, 73/23, 120/23, 149/23, 164/23 и 223/23) во дел X во ставот (9) износот „58.500.000“ се заменува со износот „29.500.000“.
II
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-12269/3                                             Претседател на Владата
28 ноември 2023 година              на Република Северна Македонија,
Скопје                                                           д-рДимитар Ковачевски, с.р