Врз основа на член 32 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.282/22 и 207/23) и член 7 ставови (3) и (4) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 ноември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2023 ГОДИНА
I
Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/23, 73/23, 120/23, 149/23, 164/23 и 223/23) во дел X во ставот (9) износот „58.500.000“ се заменува со износот „29.500.000“.
II
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-12269/3 Претседател на Владата
28 ноември 2023 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-рДимитар Ковачевски, с.р