„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за изменување на Одлуката за започнување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање

30.11.2023

Врз основа на член 17 став 3 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/12, 144/14, 33/15, 104/15 и 215/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 153/19, 261/19, 89/22 и 65/23) и член 62 став 3 од Законот за енергетика(*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19 и 236/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 ноември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА
ДОГОВОР ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ФИНАНСИРАЊЕ, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА, УПРАВУВАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И РАЗВИВАЊЕ НА ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ НА ПРИРОДЕН ГАС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
 
Член 1
Во Одлуката за започнување на постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 272/19, 269/21 и 206/22) во членот 5 став 3 зборовите „од 48 месеци“ се заменуваат со зборовите „од 60 месеци“.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-12534/3                             Заменик на претседателот
28 ноември 2023 година          на Владата на Република
Скопје                                                 Северна Македонија,
                                                            м-р Бојан Маричиќ, с.р