Врз основа на член 64 ставови (12), (13) и (14) од Законот за управување со отпадот (*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 216/21) и член 4 став (2) од Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/13), министерот за животна средина и просторно планирање донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА БАРАЊАТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ ОД СТРАНА НА СУБЈЕКТИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И НАЧИНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ДОЗВОЛАТА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД (*)
Член 1
Во Правилникот за барањата што треба да се исполнат од страна на субјектите за добивање на дозвола за управување со отпад, формата и содржината на образецот на барањето за добивање на дозвола за управување со отпад и начинот на доставување на барањето, како и формата и содржината на образецот на дозволата за вршење на дејност за управување со отпад (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 105/23 и 204/23 ), Прилогот 1 се заменува со нов Прилог 1 кој e составен дел на овој правилник.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 13-6625/1 Министер за животна средина
20 ноември 2023 година и просторно планирање,
Скопје Каја Шукова, с.р.