Врз основа на член 10 став (17) од Законот за безбедност на храната за животни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 149/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесe
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УВОЗ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ НА УВОЗНИЦИ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ
Член 1
Во Правилникот за начинот и постапката за регистрација на правни лица кои вршат увоз на храна за животни, како и формата и содржината на регистарот на увозници на храна за животни („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 196/23), Прилозите 1 и 2 се заменуваат со нови Прилози 1 и 2 кои се составен дел на овој правилник.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр. 02 – 2965/3
13 ноември 2023 година Агенција за храна и
Скопје ветеринарство
в.д. Директор,
Николче Бабовски, с.р.