Врз основа на членот 10 од Законот за исплата на платите во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05, 121/07, 161/08, 92/09, 97/10, 11/12, 145/12, 170/13,139/14 и 147/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/19), Министерството за труд и социјална политика
О Б Ј А В У В А
1. Стапката на трошоците на живот за месец октомври 2023 година, во однос на месец септември 2023 година, според податоците на Државниот завод за статистика (Соопштение: Индекси на трошоците на живот и цените на мало, октомври 2023 година, број 4.1.23.97, објавено на 07.11.2023 година), е пониска за 1,5%.
2. Исплатата на платите за месец октомври 2023 година, во однос на месец септември 2023 година, работодавачите од членот 3 став 1 од Законот за исплата на платите во Република Северна Македонија, ја вршат на нивото на правото утврдено за претходниот месец.
Министер за труд
и социјална политика,
Јованка Тренчевска, с.р.