Врз основа на член 4 став 1 од Законот за вработување и работа на странци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 217/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 31 октомври 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА КВОТА ЗА ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ
КОИ МОЖАТ ДА БИДАТ РАБОТНО АНГАЖИРАНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА
Член 1
Во Одлуката за определување на квота за дозволи за странци кои можат да бидат работно ангажирани на територијата на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 291/22), во член 1 во воведната реченица бројот „5000“ се заменува со бројот „8000“.
Член 2
Во член 2 став 1 во воведната реченица бројот „5000“ се заменува со бројот „8000“.
Во алинејата 1 бројот „4500“ се заменува со бројот „7500“.
Член 3
Во член 3 став 2 во воведната реченица бројот „1700“ се заменува со бројот „3200“.
Во алинејата 1 бројот „1400“ се заменува со бројот „2500“.
Во алинејата 2 бројот „300“ се заменува со бројот „700“.
Во став 3 во воведната реченица бројот „2800“ се заменува со бројот „4300“.
Во алинејата 1 бројот „2200“ се заменува со бројот „3300“.
Во алинејата 2 бројот „600“ се заменува со бројот „1000“.
Член 4
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-11528/3 Прв заменик на претседателот
31 октомври 2023 година на Владата на Република
Скопје Северна Македонија,
д-р Artan Grubi, с.р.