ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Донесувањето на Законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација е со цел зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација од дваесет и две на дваесет и пет, како би можело да се опфатат барањата за денационализација по кои се одлучува во повторна постапка, а за кои е потребно дополнително издавање на обврзници. Законот за изменување чие донесување се предлага се заснова врз истите начела на кои се засновало донесувањето на основниот закон. Основно решение што се предлага со законот е зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација од дваесет и две на дваесет и пет.