„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад, по скратена постапка

01.11.2023

ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Предложените измени и дополнувања се со цел подобрување на ефикасноста на управувањето со посебните текови на отпад како и обезбедување на повисоко ниво на исполнување на законската обврска за проширена одговорност на производителите.
ПОСЛЕДИЦИ КОИ ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА Со предложените законски измени ќе се овозможат: - намалување на бројот на договорни производители на 5% со цел да се овозможи работење на колективните постапувачи; - обезбедување на еднакви услови и положба на производителите за исполнувањето на нивните удели во спроведување на проширената одговорност како и за исполнување на националните цели на собирање, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад; - доследно применување на начелото „загадувачот плаќа„, што значи грижа на производителите за заштитата на животната средина и учество во системот за управување со посебните текови на отпад, сразмерно на количината на отпад која ја генерираат од своите производи пуштени на пазарот; - обезбедување на еднакви услови за производителите кои пласираат производи на пазарот со чија употреба се создава отпад што припаѓа на посебните текови на отпад, со цел да го реализираат својот удел во спроведувањето на проширената одговорност на производителите; - усогласување на домашното законодавство во оваа област со законодавството на Европската Унија; - подигнување на јавната свест за управување со отпадот (сите текови на отпад), преку активности со кои се укажува на бенефитите од селекцијата и рециклирањето кои се од особено значење за заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на истата; - зголемување на процентот на средствата од вкупно остварените приходи во претходна година, кои ќе се потрошат за подигање на јавната свест од страна на колективните постапувачи.