„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКАТА ИНСПЕКЦИЈА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

03.03.2022

 Со Законот за финансиска инспекција во јавниот сектор се уредуваат целта, основните начела, организацијата и надлежностите на финансиската инспекција во јавниот сектор, статусот и вработувањето на финансиски инспектор, лиценцата за финансиски инспектор, правата, обврските и одговорностите на финансиските инспектори при вршење на финансиската инспекција, надоместоците на плати на финансиските инспектори, стручно усовршување и обука на финансиските инспектори, правата и обврските на субјектите предмет на финансиска инспекција, постапката за вршење на финансиската инспекција, мерките на финансиската инспекција, информирањето и соработката со органи.

Целта на овој закон е да ги заштити јавните финансиски интереси во финансиското управување со средствата на државниот буџет, буџетите на единиците на локалната самоуправа и средствата од други јавни извори како и средства на ЕУ фондовите, со утврдување на законитоста на нивното користење во согласност со посебните прописи кои ја пропишуваат надлежноста за спроведување на финансиска инспекција.
Финансиска инспекција се спроведува кај корисниците на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија, фондовите, општините и градот Скопје, агенциите и другите институции основани со закон, јавните претпријатија, јавните установи и другите правни лица кои се во државна сопственост или сопственост на општините и градот Скопје или во кои државата или општините и градот Скопје се акционери, кај корисниците на средства на ЕУ фондовите, во непрофитните организации и другите правни и физички лица само за делот на добиените јавни средства или гаранции (во понатамошниот текст: субјектите на финансиската инспекција). 
Доколку поинаку не е уредено со овој закон, на постапката за финансиска инспекција се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.
Целосниот текст на Предлог – законот за финансиска инспекција во јавниот сектор е достапен на следниот линк.