Врз основа на член 48 став 1 точка 3 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21) и член 49 од Статутот на Народната банка на Република Северна Македонија Ст. бр. 02-15/IV-1/2011 од 21.4.2011 година, О. бр. 02-15/III-4/2012 од 29.3.2012 година, О. бр. 02-15/II-10/2016 од 25 февруари 2016 година, О бр. 02-15/XV-3/2018 од 27 септември 2018 година, О бр. 02-15/VII-5/2019 од 25 јули 2019 година, О бр. 02-15/XIV-1/2022 од 2 септември 2022 година и О бр. 02-32963/8 од 5 октомври 2023 година, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија донесе
У П А Т С Т В О
ЗА УКИНУВАЊЕ НА УПАТСТВОТО ЗА ВРШЕЊЕ ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ ОД ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ КАЈ БАНКИТЕ, ШТЕДИЛНИЦИТЕ, ДАВАТЕЛИТЕ НА УСЛУГИ БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ И ОВЛАСТЕНИТЕ МЕНУВАЧИ
1. Со ова упатство се укинува Упатството за вршење проценка на ризикот од перење пари и финансирање тероризам кај банките, штедилниците, давателите на услуги брз трансфер на пари и овластените менувачи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/19).
2. Ова упатство влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-35358/1
27 октомври 2023 година Гувернер,
Скопје д-р Анита Ангеловска-Бежоска, с.р