„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука за престанување на важењето на одлуката за забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока

29.10.2023

Врз основа на член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македoнија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 27 октомври 2023 година донесе
О Д Л У К А
ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ВРШАТ
ТРГОВИЈА СО ОДДЕЛНА СТОКА
 
Член 1
Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.192/23 и 196/23).
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
 
Бр. 41-11427/3                                Прв заменик на претседателот
27 октомври 2023 година                 на Владата на Република
Скопје                                                          Северна Македонија,
                                                                        д-р Artan Grubi, с.р.