„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

У Р Е Д Б А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВИДОТ НА АКТИВНОСТИ, МАКСИМАЛНИОТ ИЗНОС ПО АКТИВНОСТИ, КОРИСНИЦИТЕ, СУБЈЕКТИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ПОСТАПКАТА, ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ И НАЧИНОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ

25.10.2023

Врз основа на член 101 став (5) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 17 октомври 2023 година, донесе
У Р Е Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВИДОТ НА АКТИВНОСТИ, МАКСИМАЛНИОТ ИЗНОС ПО АКТИВНОСТИ, КОРИСНИЦИТЕ, СУБЈЕКТИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ПОСТАПКАТА, ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ И НАЧИНОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
 
Член 1
Во Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/19, 236/19, 53/21, 175/21, 257/21, 67/22, 81/22, 206/22, 43/23 и 123/23), во членот 10 став (1), во алинејата 12, сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со запирка.
Во алинејата 13, точката на крајот од реченицата се заменува со запирка.
По алинејата 13 се додаваат две нови алинеи 14 и 15 кои гласат:
„- инвестиции за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави во Република Северна Македонија преку употреба на сексирано семе и ембриотрансферот и
- трошоци за ревизија, ажурирање и дополнување на постојната физибилити студија за ски центар Царев Врв со идеен проект.“.
По ставот (8) се додаваат два нови става (9) и (10) кои гласат:
„(9) Корисник на техничката поддршка од став (1) алинеја 14 на овој член е Факултет за ветеринарна медицина–Скопје (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“–Скопје).
(10) Корисник на техничката поддршка од став (1) алинеја 15 на овој член е Центар за развој на Источен плански регион.“.
Член 2
Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-8592/10                                      Прв заменик на претседателот
17 октомври 2023 година                     на Владата на Република
Скопје                                                           Северна Македонија,
                                                                         д-р Artan Grubi, с.р.