„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОДИТЕ

01.03.2022

 Измените и дополнувањата на Законот за водите, меѓу другото се однесуваат на:

  • допрецизирање и појаснување на одредени дефиниции во законот како и додавање на нови дефиниции со кои ќе се овозможи полесно и поефикасно спроведување на одредбите;
  • дополнување на постапките за издавање на дозволите за користење на водно право заради поефикасно спроведување на истите;
  • промена на постапката за заштита и подобрување на режимот на водите со вадење на песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела со нова дозвола за уредување и регулација на коритата и бреговите на површинските водни тела согласно препораките и заклучоците дадени во ревизорскиот извештај на успешност на тема „Ефективност на политиките, мерките и активностите при експлоатација на чакал и песок од вардарскиот речен слив“;
  • обезбедување на поголема транспарентност на постапката за доделување на концесии за користење на вода, како и обезбедување на документи врз основа на кои ќе може да се процени одржливоста на концесијата е причина за промена во постапките.
Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за водите се усогласува  со:
  • Рамковната Директива за води 2000/60/EC (CELEX 32000L0060) и 
  • Директивата 2006/118/EC за заштита на подземните води од загадување и влошување на нивните состојба (CELEX 32006L0118).
Целосниот текст на Предлог – законот е достапен на следниот линк.