„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка

25.10.2023

Цели, начела и основни решенија: Со Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18, 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22 и 79/23), во посебна глава уредени се надлежносите и органите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија. Со донесување на Предлогот на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, се предлага да се брише минималната плата како основна компонента на платата на вработените во стручната служба на Фондот на ПИОСМ.