Врз основа на член 54-б став (7) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 17 октомври 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И БАРАЊАТА ЗА СОСТАВОТ И НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕТО НА ЗБОГАТЕНАТА ХРАНА, ОДНОСНО НА ХРАНАТА НА КОЈА И СЕ ДОДАДЕНИ ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ, ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО ОСОБЕНОСТИТЕ НА ЗБОГАТЕНАТА ХРАНА, КАКО И КОЛИЧЕСТВОТО, ФОРМАТА И ВИДОТ НА ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ ДОДАВААТ НА ХРАНАТА (*)
Член 1
Со оваа одлука се дава согласност на Правилникот за изменување на Правилникот за посебните барања за безбедност и барањата за составот и начинот на означувањето на збогатената храна, односно на храната на која и се додадени витамини и минерали, дополнителни задолжителни информации поврзани со особеностите на збогатената храна, како и количеството, формата и видот на витамини и минерали кои можат да се додаваат на храната (*), бр. 02-1490/1 од 9.5.2023 година и 17-4933/1 од 29.5.2023 година.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-9188/8 Прв заменик на претседателот
17 октомври 2023 година на Владата на Република
Скопје Северна Македонија,
д-р Artan Grubi, с.р.