„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), по скратена постапка

19.10.2023

Предложените измени и дополнувања на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) имаат за цел усогласување со барањата од Рамковната спогодба за финансиско партнерство ИПА III со која се дефинирани нови обврски за Ревизорското тело и нова Методологија за извршување на ревизиите. Предлогот на закон се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот Закон. Основните решенија на предложените измени на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) се:
- Проширување на надлежностите на Ревизорското тело при спроведување на ревизиите по барање на Европската комисија кај одговорните структури и органи кои ги имплементираат програмите финансирани од Европската Унија во насока на оценување на ефикасноста на финансираните проекти/програми
-Пропишување на обврска за Ревизорското тело годишните ревизорски извештаи и мислења да ги доставува до засегнатите страни (Европска комисија, Влада на Република Северна Македонија, Националниот ИПА координатор и Националниот координатор за авторизација најдоцна до 15 февруари секоја година.