II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН
Целта на предложениот закон е имплементација на заклучок на Владата на РСМ, на препораки од Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на Комитетот MONEYVAL при Советот на Европа, усвоен во мај 2023 година и на препораки од извршена ревизија на работата на Управата за финансиско разузнавање од страна на Министерството за финансии.
Предлогот на Законот ги содржи следните решенија:
- воведување на обврската за внесување на податокот за пол на вистинскиот сопственик во регистарот на вистински сопственици , кој се води при Централниот регистар на Република Северна Македонија,
- прецизирање на одредби поврзани со адресирање на недостатоци на одредби од законот утврдени со Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на Комитетот MONEYVAL при советот на Европа, усвоен во мај 2023 година (одредби во врска со мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам, надзорот, прекршочните одредби и др.) и
- регулирање на одредбите за плати и ндаоместоци на финансиските разузнавачи врабитени во Управата за финансиско разузнавање, согласно препораки од спроведена внатрешна ревизија од страна на Министерството за финансии во Управата, како орган во состав на истото.