Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, издаваат
У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕШАВАЊЕ БАНКИ (*)
Се прогласува Законот за решавање банки(*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 3 октомври 2023 година.
Бр. 08-4884/1 Претседател на Република
3 октомври 2023 година Северна Македонија,
Скопје Стево Пендаровски, с.р.
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н ЗА РЕШАВАЊЕ БАНКИ (*)
ГЛАВА I
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на уредување
Член 1
Со овој закон се уредуваат:
- правилата, постапката и инструментите за решавање на лицата од членот 2 став (1) од овој закон,
- овластувањата и одговорностите на Народната банка на Република Северна Македонија како орган за решавање и овластувањата и одговорностите на други органи и лица во врска со решавањето на лицата од членот 2 став (1) од овој закон и
- основањето, финансирањето, користењето средства и управувањето со Фондот за решавање банки.