„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКАТА ИНСПЕКЦИЈА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

21.02.2022

 Според Известувањето на Министерството за финансии, анализата на целокупната законска регулатива поврзана со постапувањето на финансиската инспекција во јавниот сектор, досегашното искуство и проблеми детектирани во работењето на финансиската инспекција во јавниот сектор, укажаа на неусогласеноста на постојниот Закон за финансиската инспекција во јавниот сектор со системските закони како што се Законот за прекршоците, Законот за општата управна постапка и Законот за инспекциски надзор, кои ја регулираат областа на постапување на финансиската инспекција. 
Целта на овој закон е да ги заштити јавните финансиски интереси во финансиското управување со средствата на државниот буџет, буџетите на единиците на локалната самоуправа и средствата од други јавни извори како и средства на ЕУ фондовите, со утврдување на законитоста на нивното користење во согласност со посебните прописи кои ја пропишуваат надлежноста за спроведување на финансиска инспекција.