„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.27 од 03.10.2023 г. Закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година

05.10.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА
 
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 3 октомври 2023 година.
 
Бр. 08-4891/1                            Претседател на Република
3 октомври 2023 година            Северна Македонија,
Скопје                                            Стево Пендаровски, с.р.
 
                                     Претседател
                      на Собранието на Република
                         Северна Македонија,
                            м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА
 
Член 1
Во Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 282/22), во член 20 ставот 4 се менува и гласи:
„За вработувањата од ставот 3 на овој член, Владата на Република Северна Македонија донесува Одлука за одобрување на вработувањата, по претходно доставена информација од страна на правниот субјект.“.
Член 2
Членот 22 се менува и гласи:
„Средствата утврдени во Раздел 040.01 – Влада на Република Северна Македонија, Потпрограма 16 – Поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми, се користат по претходно донесена програма од Владата на Република Северна Македонија, на предлог
на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.
Средствата утврдени во Раздел 040.01 - Влада на Република Северна Македонија, Потпрограма П 1 – Мерки за справување со Covid-19 кризата и други антикризни мерки, се користат по претходно донесена одлука од Владата на Република Северна Македонија за поддршка на граѓаните, институциите и стопанството, со цел надминување определени непредвидени состојби.“.
Член 3
По членот 24 се додава нов член 24-а, кој гласи:
„Член 24-а
Во Раздел 070.01 - Министерство за правда, Потпрограма 11 – Национален совет за медијација, ставка 425 – Договорни услуги се обезбедуваат средства за Националниот совет за медијација.“.
Член 4
Во член 25 по зборот „промет“ се става запирка, а зборовите: „и за извршени услуги“ се заменуваат со зборовите: „за извршени услуги, за надоместоци на комисии и други трошоци“.
Член 5
Во членот 31 став 5 по зборовите: „6Д-Програма за наводнување на Северна Македонија,“ се додаваат зборовите: „ставка 425 - Договорни услуги и“.
Член 6
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.