„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Службен весник на РСМ бр.203 од 28.09.2023 г. Одлука за укинување на увозната давачка-царинската стапка за увоз на млеко и павлака

29.09.2023

Врз основа на член 19 став (7) од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/05, 4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16, 144/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 септември 2023 година, донeсе
О Д Л У К А
ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА-ЦАРИНСКАТА СТАПКА ЗА УВОЗ
НА МЛЕКО И ПАВЛАКА
 
Член 1
Со оваа одлука се пропишува мерка за укинување на увозната давачка-царинската стапка при увоз на млеко и павлака и тоа:
Тарифна ознака
Наименувание
0401
 
0401 50
 
 
0401 50 39 00
Млекo и павлака, некoнцентрирани и без дoдаден шеќер или други материи за засладување:
 
- Со содржина на маснотија, што надминува 10% по маса:
 - - Што надминува 21%, но не надминува 45%
- - - Друго
0402
 
 
0402 91
 
 
 
0402 91 59 00
 
 
Млекo и павлака, кoнцентрирани или сo дoдаден шеќер или други материи за засладување:
- Другo:
Без дoдаден шеќер или други материи за засладување:
Сo сoдржина на маснoтија, пo маса, штo надминува 10%, нo не надминува 45%:
Другo
Член 2
Стоките од членот 1 од оваа одлука ќе се увезуваат, заклучно со 31 декември 2023 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-9853/3                                              Претседател на Владата
26 септември 2023 година           на Република Северна Македонија,
Скопје                                                      д-р Димитар Ковачевски, с.р.