Врз основа на член 30 став 1 алинеи 1, 2 и 6 од Законот за трговија (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21, 295/21 и 150/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 септември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ,
ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО,
КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД
Член 1
Во Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.195/23 и 202/23), во членот 2 во ставот 2 зборовите „1 септември 2023 година“ се заменуваат со зборовите „15 септември 2023 година“.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
Бр. 41-9818/7 Прв заменик на претседателот
28 септември 2023 година на Владата на Република
Скопје Северна Македонија,
д-р Artan Grubi, с.р.