„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во комбинираната номенклатура согласно регулативите на Европската комисија (*)

28.09.2023

Врз основа на член 5 став 4 од Законот за Царинската тарифа („Службен весник на Република Македонија“ бр.23/03, 69/04, 10/08, 160/08, 35/10, 11/12, 93/13, 44/15, 81/15, 192/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/19 и 39/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 септември 2023 година, донесе
У Р Е Д Б А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА ОДРЕДЕНИ
СТОКИ ВО КОМБИНИРАНАТА НОМЕНКЛАТУРА СОГЛАСНО СО РЕГУЛАТИВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА
КОМИСИЈА (*)
 
Член 1
Во Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската комисија(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.222/20, 281/20, 4/21, 53/21, 135/21, 197/21, 292/21, 78/22, 188/22 , 218/22, 25/23, 74/23 и 166/23), во членот 1 во ставот (2) по бројот „485“ сврзникот „и“ се заменува со запирка, а по Прилогот 486, се додаваат четири нови прилози 487, 488, 489 и 490 кои се составен дел на оваа уредба.
Член 2
Оваа уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-9182/5                                              Претседател на Владата
26 септември 2023 година            на Република Северна Македонија,
Скопје                                                     д-р Димитар Ковачевски, с.р.
_________________________________
(*) Со оваа уредба се врши усогласување со Регулативите на Комисијата на ЕУ за распоредување на одредени стоки во Комбинираната номенклатура, CELEX бр. 32023R0745, CELEX бр. 32023R0808, CELEX бр. 32023R1057 и CELEX бр. 32023R113